Премиерна победа за Радовиш сезонава во Суперлигата

Ракометарите на Радовиш славеа со 30-28 против Скопје, натпревар со кој се комплетираше 3.коло во Суперлигата. 

Домашните имаа водство во текот на целиот натпревар, а на полувремето резултатот гласеше 16-12. Радовиш дојде и до највисока предност од 24-18 по што во финишот дојде до мало опуштање, а скопјани го искористија тоа за да го ублажат поразот и конечни 30-28. 

Зоран Стојановски со девет голови беше најефикасен во редовите на победничкиот тим, додека шест имаше Ангелче Органџиев. Александар Василевски со осум голови најмногу се истакна во составот на Скопје.