Полјаците откриваат: Вардар го обновил договорот и со Јан Чувара!

Без разлика што засега нема официјална потврда од клубот, полските медиуми веќе објавија дека управата на македонскиот ракометен шампион Вардар решила да ја продолжи соработката со репрезентативецот на оваа земја, Јан Чувара.

Според нив, новиот договор е со важност на една сезона, со можност да биде продолжен за уште една. Со тоа, црвено-црните речиси го решија прашањето за позицијата лево крило, со оглед што неодамна беше продолжена соработката со ветеранот Тимур Дибиров. Од сегашниот играчки ростер, договорите ги продолжија уште и Борко Ристовски, Филип Талески, Марко Мишевски и Куни Моралес, додека капитенот Стојанче Стоилов има уште една година од актуелниот договор, иако неговиот статус е нејасен со оглед што најави заминување во пензија.

Нови засилувања кои досега потпишаа за Вардаар се Божо Анѓелиќ (среден бек), Нејц Цехте (десен бек), Жилберто Дуарте (лев бек) и кружниот напаѓач Павел Андреев.