Пик Сегед потврди: Доаѓа Жоан Кањелјас!

Како наближува крајот на сезоната, се помал е просторот за шпекулации, затоа Пик Сегед потврди дека од летово доаѓа Жоан Кањелјас од Вардар.

Шпанецот од црвено-црните ќе потпише двегодишен договор со унгарскиот вице-првак и, веројатно, ќе биде дел од поголема зделка, која треба да го вклучи и доаѓањето на Дмитри Житников во спротивна насока.

„Среќни сме да соопштиме дека 31-годишниот лев бек Жоан Кањелјас ќе го засили Пик Сегед од летово“, пишува на официјалната веб-страница на Пик Сегед.

Кањелјас дојде во Вардар во 2016 година и беше дел од шампионскиот тим, освојувајќи го првпат во својата кариера пехарот од ЛШ, иако играше во клубови како Хамбург, Кил, Барселона, Атлетико Мадрид...

Тој е еден шесте вардарови играчи, заедно со Абутовиќ, Марсениќ, Циндриќ, Штербик, Македа, кои ќе си одат на крајот од оваа сезона, а покрај нив нов ангажман ќе има и тренерот Раул Гонзалес.