Петар Ангелов го засили тимот на Пролет

Поранешниот македонски репрезентативен голман Петар Ангелов се врати во македонската лига, откако денеска потпиша договор со Тинекс Пролет.

Ангелов се врати во Македонија откако си замина од германски Ратинген, па меѓу стативите на Тинекс Пролет треба да остане година ипол.

Искусниот голман има богата кариера, па настапуваше за неколку македонски тимови, меѓу кои Тиквеш, Пелистер, Вардар и Металург, а играше и во странство за Трембле, Анталија, Кремс и Ратинген.

ФОТО: Тинекс Пролет