
Пелистер донесе нов лев бек – Каспер Крисум доаѓа во Битола
Кисум е засилување за левата бековска позиција на македонскиот вицепрвак, а во кариерата играше за Рингштед, Нордсјаленд, Фленсзбург, Битенфелд, Хановер, Феникс Тулуз и во следните денови се очекува неговото доаѓање во Битола за да му се стави на располагање на тренерот Валтер за продолжението на сезоната.
Битолчани имаат лош старт со два порази во групите во СЕХА-лигата, а допрва ги чека предизвикот во битката за трофеите во домашната Суперлига и Купот на Македонија.