Палевски постигна повеќе од половина голови за триумф во Радовиш

Пролет славеше со 22-19 на гостувањето кај Радовиш во рамки на 5.коло во Групата А во Суперлигата.

Крилото Давор Палевски одигра фантастичен натпревар за Пролет и постигна  повеќе од половина голови на својот тим, односно 12 пати погоди во противничката мрежа. Кај радовишани со по пет голови најмногу се истакнаа Зоран Стојановски и Ивица Илиев. 

Момците на тренерот Никола Матлиески изминатиот период играа во лоша форма и имаа два врзани порази од КЛ7 и Охрид. За скопскиот тим ова е трета сезонска победа и сега има девет бодови на 4.место на табелата во Групата А. Радовиш има ефект од две победи и четири порази, односно со шест бода е на 5.место на табелата.