Најдобриот стрелец во Словенија потпиша за Охрид!

Македонскиот суперлигаш Охрид се засили со уште еден одличен ракометар пред новите предизвици, а денеска во екипата беше промовиран 27-годишниот Словенец, Гал Цирар.

Цирар игра на десната крилна позиција и се очекува да биде големо засилување за тимот затоа што во првата полусезона беше најдобар стрелец во словенечкото првенство.

Словенецот на 15 натпревари постигна 59 голови за Јерусалем Ормо, а претходно има играно за Тримо Требње.