Металург триумфално мина низ Богданци, Палевски му даде 11 голови на Астраион

Металург запиша нов триумф во македонската ракометна Суперлига, откако го совлада Младост Богданци со 34-23, додека Пролет славеше против Астраион со 31-24.

Екипата од Автокоманда уште во првото полувреме го реши натпреварот затоа што имаше убедливи осум голови предност (17-9), по што во вториот дел со рутинска игра стигна до конечните 34-23.

Најефикасен во редовите на Металург беше Шилегов, кој постигна шест голови, додека кај Младост најдобар беше Николоски со шест погодоци.

Пролет немаше проблеми против Астраион, кој го совлада со високи 31-24. Гостинот постојано ја имаше предноста која ја полувреме изнесуваше 14-11, а до крајот на дуелот без проблеми стигна до 31-14.

Најдобар во тимот на Пролет беше Давор Палевски со 11 погодоци, додека кај Астраион најефикасен беше Караиванов со 11 голови.