Металург тешко до бодовите: Бутел покажа дека е сериозен тим

Металург со многу мака успеа да дојде до победа од 24-23 против Бутел во рамки на 4.коло од плеј-офот во ракометната Суперлига. 

Како што покажува и конечниот резултат, тимот од Автокоманда многу тешко дојде до бодовите против амбициозниот гостин. Бутел во првиот дел имаше водство од дури шест голови. „Металурзите“ се соземаа па на паузата резултатот гласеше 13-13.

Металург го презеде водството во вториот дел, а во финишот поведе и со три голови разлика. Бутел се обиде да извлече барем бод од гостувањето кај актуелниот вицепрвак, но иако го имаше последниот напад, не успеа да упади удар кон голот на Даниел Дупјачанец, па бодовите останаа во Автокоманда.

Александре Шпенде и Бојан Маџовски беа најефикасни во таборот на Металург. Словенецот постигна шест, додека крилото пет голови. Во редовите на Бутел најмногу се истакна Младеновски со седум голови.