Металург почнува на 20 јули: Кастратовиќ се надева дека нема да има проблеми

Ракометарите на Металург ги почнуваат подготвките за новата сезона на 20 јули во својата база во „Автокоманда“ во Скопје.

Тренерот Зоран Кастратовиќ се надева дека со актуелната ситуација поради ковид-19 дека тимот нема да има проблеми да ги почне и да ги реализира подготовките.

„Се надевам дека на 20 јули ќе можеме непречено да ги почнеме подготовките за новата сезона. За првите два дена од подготовките се предвидени тестирања и лекарски прегледи, а потоа постепено почнуваме со стандардните тренинзи за физичка и техничко-тактичка подготовка. Во Автокоманда ќе работиме до 30 јули, а потоа до 11 август подготовките ќе ги продолжиме во Маврово“, вели Кастратовиќ.

По оваа почетна фаза на подготовките, Металург ќе настапи на турнирите во Струга и Чехов, Русија, каде преку натпревари треба да ја темпира формата за новата сезона во која ќе се натпреварува во домашното првенство и во новоформираната Лига на Европа.