Еурофарм Работник се засили за натпреварите во ЛШ: Кам - бек на Остроушко (ФОТО)

Македонскиот ракометевн вицешампион, екипата на Еурофарм Работник, го се засили со уште едно име кое ќе му биде неопходно за настапите во дебитанстската сезона во Лигата на шампиони. Станува збор за Владислав Остроушко кој по само два месеци во Романија, реши да се врати во Битола.

Остроушко дресот на македонскиот вицепрвак го носеше минатата сезона, па токму затоа без двоумење и двете страни се договорија на нова соработка.

Битолчани во првото коло од ЛШ на домашен терен го пречекуваат Спортинг, меч кој е закажан за во недела.