Екс-вардарецот Ловро Јотиќ потпиша за Охрид (ВИДЕО)

Македонскиот ракометен суперлигаш Охрид промовира големо засилување за новата сезона, односно потпиша договор со Ловро Јотиќ до 2026 година.

Јотиќ минатата сезона играше за Нексе Нашице, а со неговото искуство треба да му помогне на Охрид во постигнување на подобри резултати во македонската Суперлига.

Хрватскиот ракометар во минатото го носеше дресот на Нексе, Загреб, Алборг, Лајпциг, Умаг, Замет, Дубрава, но и македонските екипи Пелистер и Вардар.