Е. Пелистер го освои Охрид, Пролет подобар од Струга

Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај Охрид со 24-20 во рамки на 7.коло во ракометниот плеј-оф. 

Охриѓани одиграа одличен натпревар и му парираа на фаворитот од Битола, кој на полувремето имаше водство од 11-9. Разликата во квалитетот беше очигледна, па Охрид немаше сили за сензација и на крајот Пелистер славеше со 24-20. 

Јосип Периќ со седум голови беше најдобар кај гостите, додека во таборот на охриѓани најмногу се истака Денис Тот со шест голови.

Пролет славеше со 27-21 против Струга и остана во борба за пласман во европските купови следнат сезона. Давор Палевски блескаше во таборот на скопскиот тим со 11 голови. 

Вардар останува лидер на табелата со максимални 21 бод, Еурофарм Пелистер има 18, додека Пролет е трет со 12 бодови, два повеќе од Бутел.