Дибиров: Во ПСЖ беа во шок кога ги одбив за да играм во - Вардар!

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров, во интервју за „Брз центар“ откри зошто одлучил да не замине од „црвено-црното“ семејство, иако имал бројни понуди на маса.

Руското крило кажа дека не згрешил што почекал да се стабилизира состојбата во клубот и на крајот решил да остане.

Јас чекав до последен момент и се надевав дека клубот ќе биде во состојба да постигне добри резултати. Не потпишав договор со друг клуб, верував и среќен сум, вели Дибиров.

Дибиров добил две понуди во претходниот период, но на крајот сепак остана во Вардар.

Имав понуда од Мешков Брест, а лани пристигна понуда и од Монпелје, но јас сакав да останам во Вардар. Отекогаш сум се потпирал на емоциите, а не на логиката, затоа решив да дојдам во Вардар во 2013 година кога имав договор и со ПСЖ. Во тоа време Вардар беше далеку од она што е сега, а додека во ПСЖ играа Хансен и Абало. На крајот мојата одлука се покажа како вистинска, а ПСЖ остана во шок. Го сакам Скопје, се чувствувам одлично, објаснува Дибиров.