Дејвис: Во Купот нема поправен, мора да сме на ниво зашто не секогаш победува фаворитот!

Македонскиот ракометен првак Вардар утре против вториот тим на Пелистер ќе тргне во атак на двојната круна во оваа сезона, откако дојде близу до шампионската титула после триумфот во Битола против главниот ривал Пелистер пред 12 дена за да си го расчисти патот кон нов шампионски трофеј.

Во Кавадарци каде е завршницата на фајнлфорот во Купот, Вардарци ги чека вториот тим на битолчани кого минатиот викенд го победија убедливо за да направат чекор поблизу до шампионскиот пехар, па сега „црвено-црните“ посакуваат нова победа и финале во кое ќе бијат битка и за вториот трофеј во оваа сезона.

„Купот е едно поинакво натпреварување, каде се игра само еден меч, нема поправен и мора да сте максимално спремни. Самото тоа што играте на неутрален терен е поразлично, а во Купот не победува(л) секогаш тој што е фаворит. Затоа мора да сме на ниво, концентрирани и внимателни. Вардар секогаш играл на победа и ние го сакаме и овој пехар“, вели тренерот Дејвид Дејвис.

Вардарци се актуелни бранители и на Купот, па сега посакуваат 15-ти трофеј од ова натпреварување во своите витрини.

„Сакаме финале и небитно е против кого. Притисокот е ист како и за мечевите во првенството, одбрана секој ден играме сѐ подобро, тренираме напорно. Имавме цела недела за подготовка, веќе игравме со Пелистер 2, но добро е што можевме дополнително да тренираме и да подобриме уште нешто во играта“, додаде Дејвис.