Бутел се раздели со Котевски, па експресно најде негова замена

РК Бутел Скопје се раздели денеска со стратегот Игор Котевски, па веднаш најде нов тренер, а станува збор за досегашниот помошник, Кристијан Грчевски.

Грчевски досега работеше како дел од стручниот штаб на Данило Брестовац во македонската репрезентација, па сега добива нов сериозен предизвик.

Исто така, ова ќе биде прв предизвик за Грчевски како прв тренер на сениорскиот тим.