
Алкалоид врза четврта победа по ред и се изедначи со Пелистер
Ова е четврти триумф во низа за новопечениот Суперлигаш, кој не дозволи неизвесност во најголемиот дел од натпреварот во „Боро Чурлевски“. Во брзото и динамично темпо, Првиот почувствителен исчекор го направи кога повде со 9-6 во 13. минута, а три минути подоцна имаше и 12-8.
Првиот дел заврши со 20-15, за потоа во вториот да ја одржува предноста од три до пет гола. Во 55. минута Мијушковиќ погоди за 30-32, што беше поцртување на убав период за домаќините, со серија од 4-1, но Алкалоид ја одбрани победата.
Мартин Серафимов и Божидар Илиески со по седум гола беа најефикасни кај гостите, кај домаќините по толку имаа Мартин Ивановски и Самоил Ристевски, сепак прв поединец беше десниот бек на битолчани, Павле Петровиќ со осум гола. Алкалоид сега дојде до 15 бода, колку што има и второпласираниот Пелистер, кој утре ќе го игра својот меч од ова коло, дома против Охрид.
СУПЕРЛИГА ПЛЕЈ-ОФ 6. КОЛО
Пелистер 2 - Алкалоид 30-35
Вардар - Тиквеш
Бутел - Пролет
Пелистер - Охрид (утре)
ТАБЕЛА: Вардар 18, Пелистер 15, Алкалоид 15, Тиквеш 10, Бутел 4, Пелистер 2 4, Охрид 3.