Велкоски погоди против Звезда, Сараево е шампион на БиХ! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски заедно со неговиот тим Сараево ја обезбедија титулата во шампионатот на Босна и Херцеговина на едно коло пред крајот.

Сараево со победата од 4-0 против Звезда 09 стигна до трофејот. Иако има три бода повеќе во однос на Зрињски, сепак екипата на Велкоски ќе биде шампион без разлика на исходот во последното коло, зашто има подобра гол разлика од нивниот противник.

Инаку, Велкоски беше еден од стрелците во триумфот и ова е прва двојна круна во нисторијата на клубот, а прва титула во шампионатот од 2015 година, од кога шампион во Босна и Херцеговина беше Зрињски.