Столе Димитриевски и соиграчите одбиле да тренираат: Бараат целосна плата од клубот

На клубовите во Шпанија од вчера им е дозволено да тренираат во групи, се зо цел подобро да се подготват за продолжението на сезоната во Ла Лига.

„Рестартот“ на сезоната во Шпанија се очекува на 12 јуни, а покрај Ла Лига, веројатно ќе продолжи и Сегунда. Клубовите од пониските лиги исто така започнаа со тренинзи, но сè уште не е познато кога ќе продолжи сезоната.

Јасно е дека многу клубови во Европа се погодени од сè што се случи поради коронавирусот, а тоа најмногу се почувствува врз финансиите. Многу клубови веднаш ги намалија платите на своите играчи, а во Шпанија некои го сторија тоа за дури 70%.

Пониските лиги беа принудени да го сторат тоа за да не банкротираат, но сега фудбалерите полека почнуваат да протестираат. Имено, избраниците на Рајо Валјекано, тим чии бои ги брани македонскиот репрезентативен голман - Столе Димитриевски, требаше веќе да започнат со тренинзи, но одбија затоа што сакаат да им се врати целосната плата.

Фудбалерите на Рајо не сакаат да започнат со тренинзи сè додека платите не се вратат во нормала, односно клубот дека треба да го испочитува она што е наишано во договорите.