Ростов се пофали со ангажманот на македонскиот суперталент Тошевски (ВИДЕО)

Младинскиот репрезентативец на Македонија до 19 години, Давид Тошевски беше претставен од неговиот нов клуб Ростов, каде што се сели од Работнички.

Ростов се пофали со нивното ново засилување, со кое потпиша петгодишен договор, а на социјалните мрежи објави видео од најдобрите голови на Тошевски.

Работнички за трансферот ќе заработи 900.000 евра, што е рекорд за македонски фудбалер, кој директно од Македонија заминал во странство.