Пандев и другарите немоќни против Торино, Џенова остана во опасната зона

Џенова никако да излезе од кризата, која ги погоди, па веќе пет меча по ред не знаат за победа, а денеска на домашен терен доживеаа пораз од Торино со 0-1.

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев играше од првата минута за Џенова, но едноставно заедно со неговите соиграчи не успеаа да го пронајдат патот до противничката мрежа.

Нивните грешки ги казни Торино во 77. минута, откако преку Бремер ги поставија конечните 1-0.

Џенова останува во опасната зона, односно на 18. место со десет бодови, односно еден помалку од 17. место, на кое се наоѓа Лече.