Отказ за Стелоне: Трајковски и Несторовски добија нов тренер!

Тимот на македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски, Палермо го очекува голема борба до крајот на сезоната за пласман на првите две позиции, кои обезбедуваат директен пласман во Серија А, а во тоа ќе се обиде да им помогне новиот тренер Делио Роси.

Палермо вчера го отпушти Роберто Стелоне, зашто не беа задоволни со неговите резултати во последно време, па Роси потпиша договор до крајот на сезоната и ќе се обиде да го врати тимот во најсилната италијанска лига.

Во моментов Палермо се наоѓа на третата позиција со три бодови помалку од второто место, на кое е Лече, а до крајот на сезоната има уште четири кола.