Нов гол на Јаховиќ за убедлива победа на Анталијаспор (ВИДЕО)

Македонскиот интернационалец Адис Јаховиќ повторно погоди за својот тим Анталијаспор, откако на денешниот натпревар од домашното првенство успеа да ја затресе мрежата на Касимпаша во 53. минута.

По едно одлично додавање од Алфредо Кулумбе Рибеиро на пет метри од голот на Касимпаша, Јаховиќ погоди и воедно ја најави убедливата победа.

Седум минути подоцна мрежата на противникот ја затресе и Синан Гумуш, а истиот играч погоди и две минути подоцна. До крајот гостинот успеа само да намали на 1-3 со голот на Ајтак Кара во 75. минута.

Со овој триумф, петти сезонава во првата лига на Турција, Анталија излезе од опасната зона и моментно се наоѓа на 14. место на табелата со 22 освоени бода.