Лазаров како да има 20 и нешто: Капитенот прв „бомбардер“ на Нант!

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров, вечерва беше најдобар и во дресот на Нант, во победата над Трембле со 36-31.

Лазаров беше најдобар поединец во победничкиот тим, постигнувајќи осум погодоци. Од нив три беа од пенал, пет од игра, а промаши само по еднаш и од седмерец и од поле.

Неговиот тим беше променлив во првиот дел, прво водеше со четири разлика, па се доведе во ситуација да губи, за на пауза, сепак, да замине со 18-15. Во вториот дел предноста на Нант достигна и плус девет, па јасен беше победникот.

Лазаров и соиграчите сега дојдоа до 30 бода, на третата позиција, но победи и второпласираниот ПСЖ, па разликата меѓу нив остана пет бода. Добро е тоа што четвртиот Сен Рафаел загуби, па му дозволи на Нант да побегне на плус три