Ќе ги вади од кал Кипарците: Костовски потпиша за Етникос Ахна

Македонкиот фудбалер Јован Костовски ќе ја продолжи својата кариера во Кипар во тимот на Етникос.

Напаѓачот, кој за националниот тим до сега одигра 13 настапи и постигна два погодока, минтите шест сезони ги мина во белгиски Леувен за кого одигра вкупно 120 меча и запиша 34 гола.

Во Кипар доаѓа како слободен играч, и со тимот на Етникос главна цел ќе им биде да опстанат во првата лига, откако овој тим сезонава беше промовиран во елитното друштво.