Јаховиќ ја осигура победата на Малатијаспор против Башакшехир

Екипата на Малатијаспор ја стартуваше сезоната со убедлива победа во првата лига на Турција, откако на домашен терен полесно од очекувањата славеше над Башакшехир со 3-0.

Меѓу стрелците се запиша и македоснкиот фудбалер Едис Јаховиќ, кој во подготвителниот период покажа дека е во добра форма, а тоа најдобро го демонстрираше на денешниот натпревар.

Јаховиќ беше стрелец на вториот гол во 88. минута со кој ја потврди победата на својот тим.

Долго време домаќинот се мачеше да ја пробие одбраната на Башакшехир, но тоа му успеа во 68. минута со голот на Гилермо. На крајот Фофана само ги постави конечните 3-0.