Јаховиќ им „нареди“ на децата: Покажете колку голови даде тато (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец, Адис Јаховиќ, постигна четири погодоци во убедливата победа на Малатијаспор против Денизлиспор во рамки на седмото коло од турското првенство.

Ова за Јаховиќ е седми гол во Суперлигата со кој изби на првото место на листата на стрелците. 

Сакам да им се заблагодарам на соиграчите што ми помогнаа да постигнам четири гола, на навивачите што дојдоа да не бодрат. Покажавме карактер од првата минута. Ни беше жал поради натпреварот од минатото коло поради тоа што не дојдовме до трите бода (загубија од Анталија со 3-0), па си поставувме услов дека тоа мора денеска да го направиме. Дадовме се од себе, бевме агресивни и на крајот победивме. Ова е голем резултат. Првите два гола беа од пенал, но третиот и четвртиот ми се допаѓаат, изјави Јаховиќ, кој на крај им кажа на своите деца да покажат колку гола дал.