Ивановски се пресели во Унгарија: Ветувам дека ќе дадам 110 проценти од себе! (ФОТО)

Македонскиот напаѓач Мирко Ивановски, по заминувањето од Хајдук Сплит,  денеска успеа да се договори со унгарски Диосѓер.

Ивановски ќе биде големо засилување за унгарската екипа, која не ја почна најдобро сезоната, па запиша дури четири порази во првите пет кола и се наоѓа на последното место во лигата.

„Знам дека сите го кажуваат тоа, но јас сум навистина среќен што добив договор од Диосѓер. Пристигнав во четвртокот, но немав време да се запознаам со новите соиграчи. Сепак, ветувам дека ќе дадам 110 проценти од мене за екипата“, порача Ивановски.