Елмас ги кочи преговорите со Атлетико, зашто сака да се пресели во Интер!?

Италијанските медиуми објавија интересна информација поврзана со македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, кој веќе некое време се поврзува со трансфер од Фенербахче во некој европски гигант.

За Елмас се заинтересирани Интер, Борусија Дортмунд, Наполи, Севилја, Атлетико Мадрид, Фиорентина. Наводно, Атлетико почнал преговори за македонскиот бисер, но Елмас ги кочел преговорите бидејќи имал друга желба за својата иднина.

Како што објавија италијанските медиуми, Елмас преферира трансфер во Интер, кој се очекува наскоро да тргне по неговиот потпис.