Барди го постигна првенецот во дресот на Бодрумспор (ВИДЕО)

Репрезентативецот на Македонија Енис Барди игра во добра форма по трансферот во Бодрумспор и пред натпреварите за Македонија, а денеска беше стрелец за својот тим.

Бодрумспор се радуваше на победа над Ризеспор со 2:0. Барди во листата на стрелци се запиша во 62. минута кога погоди по асистенцијата на Мохамед.

Тимот на Бодрумспор со овие три бода повеќе не е во опасната зона во турската Суперлига. По овој натпревар, Барди ќе допатува на собирот на националниот тим во кој наредниот период ќе биде дел од натпреварите со Лихтенштајн на 22 март и Велс дома три дена подоцна.