Хрватската атлетичарка Маја Голуб, која е рекордерка на 100 метри, 60 метри и има уште неколку рекорди во останатите категории зборуваше за својата кариера и низ што морала да мине.

Иако на голем дел од пошироката јавноста не им е позната, сепак нејзината изјава привлече големо внимание во регионот.

„Познато е дека атлетичарките имаат добри задници и тоа беше проблем. Често се случуваше луѓе да доаѓаат на натпревари само да ги гледаат женските облини, а не спортот. Најинтересни им беа скоковите во далечина, поради опремата која ја носиме. Тоа можеби на некого му изгледа убаво, но ние не се наметнуваме“, кажа таа.

Убавата Хрватка мина низ многу работи во кариерата, а често добивала и непримерни коментари од трибина.

„Не сакав да се кријам, носев фустани, без оглед на тоа што имав бицепс посилен од некои мажи. Тие ми зборуваа дека сум трансвестит, ме гледаа како чуден објект. А од друга страна, ако изгледаш убаво, веднаш си проститутка или нешто друго, луѓето се полни со предрасуди“, објасни Хрватката.