За Гинис: Српски тренер во три месеци смени три клуба и доби – два откази!
Тој во јуни годинава неочекувано го напушти српскиот суперлигаш Вождовац за да стане тренер на Радник Сурдулица, од каде што нецел месец по почетокот на новата сезона го доби првиот отказ. Десетина дена подоцна седна на клупата на Младост ГАТ од Нови Сад, каде што исто така разочара, па по еден ипол месец го доби и вториот отказ.
Српските медиуми се шегуваат дека со оглед што досега се одиграни само 12 кола од Суперлигата, а во неа има уште 14 екипи, доволно време и простор за Линта да преземе уште некој клуб, а со тоа и да добие уште некој отказ со што дефинитивно би влегол во Гинисовата книга на рекорди.