Весело е во Букурешт: Полуголи девојки во танги играат во - дрес и шал на Македонија (ВИДЕО)

Македонската навивачка фаланга дефинитивно е главна во Букурешт изминативе денови, а така е и денеска без разлика на вчерашниот пораз на нашите репрезентативци во дуелот со Австрија (1-3).

Километарско оро се играше во главниот град, а весело беше и онаму каде што секогаш е жешко – во клубовите во кои настапуваат разголени девојки. Така денешен хит беа две полуголи Романки, кои го привлекуваа вниманието на нашите фанови танцувајќи заводливо во танги и тоа среде бел ден на едно од главните шеталишта.

Сето тоа е потврда на веселата атмосфера во романската престолнина, на која „паднаа“ и убавите стриптизети.