Вчера го победија Вардар, денеска се шишаа „лустер“! (ФОТО)

Помладите петлиња на фудбалската екипа на Кул, момчиња родени 2005 година, вчера постигнаа огромен успех освојувајќи го Купот на Македонија, совладувајќи го во финалето тимот на Вардар со 2-1. 

Но, малкумина знаеја дека младите момчиња се договориле меѓусебе да се истрижат „на кец“ во случај да победат. И така бидна. Веќе денеска го остварија договореното, ги скратија фризуите на минимум и „позираа“ пред објективот на берберот, кој е голем навивач токму на екипата која загуби. Како што вели тој, никаде не „згрешил“ во работата иако по малку му било криво што неговата екипа загубила.