Ужас на рагби натпревар: Застрелани четири луѓе на трибини! (ВИДЕО)

Неверојатни сцени беа забележани на средношколски натпревар во Америка, откако се случија пукотници на трибините кои го прекинаа натпреварот меѓу Вигор и Вилијамсон.

Четири лица се повредени, а едно од нив е во животна опасност откако инцидентот се случи на западниот дел од стадионот во последните минути од мечот.

Навивачите почнаа да трчаат кон теренот и да ја прескокнуваат оградата, а младите спортисти на екипата легнаа на тревата, по што избегаа кон соблекувалните.