Урнебесна провокација за најдебелиот напаѓач во Англија: Ци*ките ти се во – офсајд! (ВИДЕО)

Се сеќавате на најдебелиот напаѓач кој воопшто се појавил во англискиот фудбал? Името му е Адебајо Акинфева и според излгедот тешко дека некој ќе рече дека е фудбалер.

Ама, Акинфева барем за третата англиска лига (Лига 1) е доволно добар. Го предводи нападот на Викомб, но имаше голема непријатност со навивачите на Сандерленд. Тие не знаеа како да го провоцираат, но на крај се решија со урнебесна навреда.

„Акинфева, ци*ките ти се во офсајд“ викаа навивачите на Сандерленд.

Провокацијата стана епски хит на Островот, а Викомб со најдебелиот напаѓач немаа шанси на мечот – загубија убедливо со 0-4.