Урнебес во Турција: Кога навивачи ќе му честитаат роденден на полицаец (ВИДЕО)

Вистински урнебес се случи на меч во турскиот фудбал помеѓу Ајфонспор-Коњаспор, откако на полувреме тргна навивачко лудило, кое и не е нешто необично, за две групи да се пресметуваат. Арно ама, оваа тепачка на крај излезе дека е епска и оригинална „местенка“.

Навивачите прво тргнаа да се „тепаат“ да да го намамат локалниот полицаец Енгин Цакин, кој веднаш дошол да интервенира за да ги смири разулавените фанови. Но, воопшто не очекувал дека всушност сето тоа е изненадување за него.

И кога влета меѓу нив, а навивачите го опколија следуваше изненадувањето. Сите во еден глас почнаа да му пеат „среќен роденден“. Донесоа и торта со свеќички.