Тренерот на Алиоски се обиде да изговори - Ипсвич, па ги изнасмеа новинарите (ВИДЕО)

Аргентинскиот тренер Марсело Биелса, кој го тренира Езгјан Алиоски во Лидс јунајтед, не успеа да избори директен пласман во Премиерлигата, но со еден негов потег ги изнасмеа новинарите на прес-конференција.

Харизматичниот тренер зборуваше за последниот меч во сезоната против Ипсвич Таун наредниот викенд, но неговиот обид да го изговори името на противникот заврши неуспешно.

„Ис-пич? И... Ип-свит... Во ред, се откажувам“, кажа Биелса по неколку неуспешни обиди и ги насмеа новинарите.