Страшни сцени во Романија: Хулигани со камен му расцепија глава на полицаец! (ВИДЕО)

Мечот во баражот за пласман во Првата лига на Романија меѓу Универзитате и Херманштад (0-2) остана во сенка на немилите настани на трибините.

Домашните навивачи не беа задоволни од резултатот, па почнаа да прават инциденти. Хулиганите лудуваа неколку минути, па со камен погодија полицаец на атлетската патека.

Несреќниот полицаец цел во крв се струполи на земјата, па во еден момент остана без свест, по што веднаш бил пренесен во болница.

Според најновите информации неговата состојба е стабилна, односно тој не е во животна опасност.