Сопругата на Конте: Приказната за куршумот е лага! (ФОТО)

Спортската јавност беше шокирана од информацијата која беше објавена од италијанските медиуми дека Антонио Конте во тренинг кампот на Интер примил заканувачко писмо во кое имало и куршум.

Исто така се пишуваше и дека е засилено обезбедувањето за заштита на италијанскиот тренер, но ваквите наводи ги демантираше неговата сопруга, Елисабета Мускарело.

Приказната за куршумот е измама! Но, сеедно. Во Италија станавме многу лоши во комуникацијата. Се почесто се пишуваат глупости во медиумите. Никој повеќе не размислува за последиците, истакна изреволтирано Елисабета.

Во меѓувреме, јавниот обвинител во Милано отвори истрага против непознати лица за закани против Конте.