Сите го сеират Азар: На промоција дојде со скапоцен часовник, а тој не работи како треба!

Белгиската ѕвезда Еден Азар вчера и официјално беше претставен пред 50 илјади навивачи на Реал Мадрид за нов член на „кралскиот клуб“, но брзо се најде на мета на сеирџиите откако шпанските медиуми открија еден детал, кој фрли дамка на совршената промоција.

Азар дојде на „Бернабеу“ со часовник вреден 68.000 евра – Ричард Мајл РМ016 од 18 каратно злато со дијаманти. Но, часовникот на Азар бил расипан, зашто сите воочиле дека тој не работи и е застанат на 8 јули, а на вчерашната презентација беше 13 јули.

И веднаш сеирџиите најдоа закачка за да се мајтапат со белгиската ѕвезда, потенцирајќи дека модниот детал му доцни неколку денови.