Синсинати го ангажираше Стам, ама го претстави со слика на друг тренер! (ФОТО)

Легендарниот Јап Стам денеска беше поставен за нов тренер на Синсинати. Клубот од МЛС-лигата венаш направи гаф на социјалните мрежи затоа што искористи фотографија од друг стратег.

Во објавата на Твитер беше објавена фотографија од тренерот на младинските селекции на Ајакс, а не од нивниот нов тренер, а на Американците им беа потребни два часа за да го забележат неверојатниот пропуст.