И Вардар и Фенербахче пред вечерашниов меч апелираа до своите навивачи да избегнуваат провокации, да навиваат за свокот клуб, да нема знамиња со навредлива содржина и да се воздржат од националистички скандирања.

И сѐ ќе беше во ред ако на Источната трибина по семафорот не се појавија навивачите на македонскиот прволигаш Шкупи, заколнатите лути непријатели на макеоднскиот првак. Маскирани во дресови на Фенербахче, постојано провоцираа, скандираа националистчки, го навредуваа Вардар и неговите навивачи, но и земјата во која живеат. И секако навиваа за својот Шкупи иако нивните љубимци се далеку од некој ваков настан.

Сето тоа беше проследено со силни свирежи од трибините, па дури и од останатите навивачи на Фенербахче, кои се „расфрлани“ низ целата Арена. За среќа, немаше посериозни инциденти никаде, зашто останатиот дел од навивачите на Фенербахче покажаа дека се цивилизирани луѓе.