Сега дефинитивно е крај: Ванда го напушти Икарди

Ванда и Мауро Икарди се вистинска јужноамериканска сапуница на која и се надѕира крајот. 

Аргентинката реши по втор пат да го напушти фудбалерот, кој моментално игра за Галатасарај. Проблемите во бракот на двојката започнаа лани откако се појави афера дека голгетерот ја изневерувал сопругата со помлада девојка, која била манекенка од Аргентина.

Таа го напушти Икарди, кој потоа пишуваше срцепарателни статуси на Инстаграм за да ја врати и постојано патуваше за Милано за да бара прошка. Ванда очигледно му прости, бидејќи се врати со децата во нивниот дом во Париз. 

Ванда на социјалните мрежи потврди дека се разделува од Икарди и побара приватност од медиумите. 

„Многу ми е болно да живеам во моментов, но со оглед на мојата изложеност, работите кои доаѓаат, медиумските шпекулации, подобро е да дознаете од мене. Немам веќе што да разјаснувам и нема да откривам детали од оваа разделба. Ве молам, ве молам за разбирање не само заради мене туку и заради нашите деца“, објави Ванда на „Инстаграм“. 

 Бракот на Мауро и Ванда исто така започна со голем скандал, бидејќи таа претходно беше мажена за Макси Лопез. Поранешниот фудбалер на Барселона почна да се дружи со тогаш младиот Икарди, кој беше дел од академијата Ла Масија. Мауро успеа да му ја украде сопругата на својот пријател, што предизвика големо внимание во жолтиот печат. 

Интересно е тоа што Ванда е и агент на Мауро Икарди и токму таа преговараше за неговиот трансфер од Интер во ПСЖ и сега за позајмицата во Галатасарај. Фудбалерот освен што ќе бара нова љубов, ќе мора да најде и нов агент.