Роналдо направи вистинско шоу на тренинг на Јувентус (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо одлично се забавува во дресот на Јувентус, а тоа го покажа и со своето однесување на тренингот.

„Старата дама“ доби големо засилување со неговото пристигнување во Торино, а Роналдо е навистина во фантастично расположение, иако уште го нема постигнато првиот гол.

Расположениот Роналдо реши да се пошегува со новинарите, па застана зад еден од нив и го имитираше, а тоа ги насмеа неговите соиграчи, кои му се приклучија.