Рагбисти претепаа до смрт младо момче во Аргентина! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Рагбистите на аргентинскиот клуб Арсенал Зарате го претепаа до смрт младото момче во местото Вила Гесел, во близина на Буенос Аирес.

Од бруталниот настан се појавија и снимки на кои јасно се гледа како 18-годишниот Фернандо Баез Соуза е претепан до смрт. Поради овој немил настан, полицијата уапси 11 рагбисти.

Наводно, сите биле под дејство на алкохол додека се изживувале над несреќниот тинејџер.

Аргентинските медиуми пишуваат дека обвинителството ќе бара доживотен затвор за сите виновници!