Продолжува лудилото во Турција: Навивачи на Фенербахче претепале 14-годишно девојче

Безмалку цел месец Фенербахче се жали на третманот што фудбалскиот тим го имаше на гостувањето кај Трабзон, дури и се закануваше со истапување од лигата, но очигледно не обрнал внимание на своите навивачи.

По вчерашниот кошаркарски натпревар меѓу Фенербахче и Анадолу Ефес, фанови на овој клуб нападнале и претепале член на управата на Одбојкарскиот клуб Галатасарај и неговата 14-годишна ќерка. Во исто време му одземале навивачки обележја на Галатасарај.

„Нашиот член и неговата ќеркичка ја нападнале 40 бандити кои отишле предалеку и го претепале девојчето. Ќе направиме се за хулиганите да ги изведеме пред лицето на правдата“, стои во соопштението од Галатасарај.