Преубава српска тенисерка осудена поради користење – дрога!

Моника Беловуковиќ е поранешна голема надеж на српскиот тенис, која е родена во Австралија, а која во моментов е најпозната по својата убавина, илјадниците следбеници на Инстаграм, врската со Ник Кирјос и најново – по пресудата за користење дрога.

Таа била уапсена кога тотално го скршила својот скапоцен Мерцедес, по што полицијата во нејзината крв освен алкохол нашла и траги на кокаин, по што морало да биде и осудена.

„Кога полицајците ми кажаа дека тестот на кокаин ми е позитивен, веднаш се сетив дека неколку дена претходно без на луда журка на која многу пиев, па сигурно тогаш некој ми ставил дрога во пијалокот. Тоа е единственото логично објаснување“, наивно се обидела да се спаси Беловуковиќ.

Србинката од Австралија и покрај големиот тениски талент, реши да се повлече од овој спорт за да почне да се занимава со менаџерската работа.