Позамрсено и од „Касандра“: Хулк се ожени со внуката на поранешната сопруга!

Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Хулк има бурен љубовен живот, откако таблоидите денеска објавија дека тој се ожени по втор пат и тоа за внуката на неговата бивша сопруга. 

Пред само три месеци, фудбалерот, кој моментално настапува за кинески Шангај СИПГ, објави дека се разведува од сопругата по 12 години и дека е во љубовна врска со нејзината внука Камила Анхело (31). 

Хулк се венчал поради фактот што визата на Камила за престој во Кина и истекувала, па тој не сакал таа да си замине. Бразилецот пред да замине во Шангај и да стане еден од најплатените фудбалери во светот играше за Зенит и Порто. За „кариоките“ одигра 54 натпревари во кариерата.