Португалски фудбалер и неговата девојка паднаа од карпа висока 40 метри

Португалскиот фудбалер Карлос Мигел Таварес Оливеира, познат како Карлитос, се наоѓа во тешка состојба по тешката несреќа која ја доживеа на Кипар.

Фудбалерот во неделата со својата девојка возел на едно опасно место во Кипар, каде што загубил контрола врз возилото и паднал од карпа висока 40 метри.

Итната помош со часови го извлекувала несреќниот пар од провалијата, а кипарските медиуми пишуваат дека двајцата се со тешки повреди и се наоѓаат во животна опасност.

Овој 27-годишен фудбалер ги мина младинските категории на Бенфика, но никогаш не доби шанса во првиот тим.